Џорџ Клуни најави дека ќе оди во пензија, а тоа би можело да се случи многу набрзо. Актерот, кој наполни 54 години, тврди како е свесен дека пред камерите ништо не може да се сокрие, а поготово не годините. Рече дека не сака да ги разочара своите обожаватели и да ги присилува да го гледаат стар и запустен.

 

Тоа сепак не значи дека во потполност ќе се повлече од филмската индустрија, јавуваат светските медиуми. Славниот актер изјави дека помалку ќе глуми, но ќе се посвети на режијата, неговата втора љубов. Додава дека режијата е креативна и забавна, а се чини дека е прилично добар во неа.