Холивудскиот актер и еден од најпосакуваните мажи на светот, Џорџ Клуни, не сака да се занимава со политика бидејќи спиел со премногу жени. Клуни рекол дека тоа би било апсолутно неизводливо дури и кога би сакал да се занимава со политика бидејќи во животот правел се и сешто. Како друга шричина за тоа го навел и фактот што во младоста се дрогирал.
Тој бил потполно искрен и изјавил дека кога би започнал да се занимава со политика би морал на јавноста да и признае што се правел во животот. Актерот уште рекол и дека е многу среќен бидејќи се занимава со работа која му дава многу слобода и дека им се восхитува на работниците во Судан кои извршуваат многу тешки работи.