Џорџ Клуни и Елизабета Каналис планираат да се венчаат до Божик. Венчавката ќе биде на еден ексклузивен брод, кој е изграден во Италија а има 23 ката, четири ресторани, театар и повеќе кино сали. Ќе присуствуваат повеќе од 200 гости. Меѓу славните имиња тука се споменуваат Бред Пит, Анџелина Џоли, Мет Дејмон, Џулија Робертс, Синди Крафорд и многу други.


Бродот ќе плови близу Португалија за да се спречат фотографирањата. Клуни претходно бил во брак со актерката Талија Балсам од 1989 до 1993 година. По разводот изјавил дека никогаш повеќе нема да се венча, иако имал уште неколку долги врски. Очигледно преубавата италијанка Елизабета успеала да го премисли.