Џорџ Клуни се спрема наскоро со својата избраничка Амал Аламудин да застане на лудиот камен, но пред тоа ќе мора да израмни некои сметки. Имено, доскорешниот „вечен ерген“ ќе биде приморан да го одврзе кесето и да им се оддолжи на своите пријателки во Холивуд, со кои се обложил дека „никогаш, никогаш нема да се ожени“. Според таблоидот „Сан“, актерот и должи 80 илјади долари на Мишел Фајфер која прва се обложила дека тој кога тогаш ќе заплови во брачните води.
На Никол Кидман, пак, и должи 35 илјади долари. Актерката која играла со Клуни во филмот „Миротворец“ најпрво тврдела дека тој ќе се ожени пред да наполни 40, а кога ја исплатила изгубената опклада, актерот и го вратил чекот и го зголемил влогот. „Одиме понатаму, до мојата 50.“ прокоментирал во шега. На долгогодишната пријателка и партнерка во филмот „Гравитација“ Сандра Булок, која му предвидела дека многу наксоро ќе си најде „фина и трпелива девојка“, Клуни треба да и и исплати 17 илјади долари.