Џорџ Клуни планира да сними филм за Американецот, единствениот странец освен Че Гевара кој бил прогласен за командант за време на кубанската револуција. Филмот под наслов “The Yankee Comandante” е приказна за Вилијам Александер Морган, американец кој во 1957 година дошол на Куба и се борел на страната на кубанските револуционери против режимот на Фулгенсијо Батиста.
Оваа историска личност го заинтригирала холивудскиот актер кој во повеќе наврати покажал интерес за историјата и политиката. Како што пренеле медиумите, Клуни сега се обидувал да ги откупи правата за статија за животот на револуционерот која во мај била објавена во Њујоркер, како би му послужила за основа за сценариото. Иако Фидел Кастро го прогласил за национален херој, Морган бил стрелан во март 1961 година под обвинение дека е агент на ЦИА.