За улогата на еден од најголемите умови на 20 век, Џорџ Клуни добил понуда од режисерот Бред Бирд, познат по последното продолжение на „Невозможна мисија“, а кој ќе режира филм за Никола Тесла. Филмот најпрво требало да носи име „1952“, но сега повторно едноставно бил преименуван во „Тесла“, а погодувањата за сценариото кое го напишал продуцентот и сценарист Дејмон Линделоф веќе започнале.
Наводно станувало збор за научнофантастичен филм, а не чисто автобиографска приказна за Никола Тесла. Дејството на филмот би требало да се занимава со средба и комуникација на славниот научник со вонземјани преку трансмитерот кој го осмислил, а чија првобитна намена била безжично пренесување на електрична енергија.