Американскиот актер Џорџ Клуни, кој до сега важеше за најголем противник на бракот и за најпосакуван ерген, наскоро би требало да се венча. Така барем тврди германскиот таблоид „Билд“, кој пишува дека холивудскиот срцекршач ја запросил својата девојка Елизбет Каналис и дека венчавката ќе следи за многу кратко време, иако датумот сеуште не бил закажан.
Повикувајќи се на извори блиски на поранешната италијанска манекенка, таблоидот навел дека Клуни ја запросил Елизабет на традиционален начин, така што нејзината рака ја побарал од нејзиниот татко Цезар, кој бил голем католик. Клуни и Елизбет моментално се одмараат во друштво на нејзините родители во вилата на Џорџ во Лос Кабос во Мексико.