Иако Стејси Кеиблер и Џорџ Клуни се во врска само неколку месеци, актерот одлучил да ја запознае со своите родители. Поранешниот американски борач и актерот сеуште во јавност не се појавиле заедно, но нивниот однос бил се посериозен.


Извор близок на парот изјавил дека многумина мислеле како нивната врска ќе биде со краток век. Додал дека запознавањето со родителите била голема работа за двајцата. Претходно оваа година актерот раскинал со Елизабет Каналис по две години врска. Причина била тоа што тој не бил спремен за брак.