Џорџ Клуни ја запознал својата девојка Елизабет Каналис со својата мајка. Тие тројца прошетале заедно по црвениот тепих на премиерата на неговиот нов филм “Up In The Air”. Актерот неодамна изјавил дека не сака да се жени, и дека го сака ергенскиот живот.


Но, по се изгледа дека убавата водителка успеа да му го промени мислењето. Италијанските медиуми најавиле голема свадба на споменатиот пар која би требало да се случи околу Божик. Тие се запознале пред околу половина година во Рим и оттогаш се неразделни.