Холивудскиот актер Џорџ Клуни има нова девојка, хрватската манекенка Моника Јакишиќ, јавува најновото издание на списанието US Weekly. Извор навел дека на 25 септември Моника преспала кај Клуни во неговата вила во Лос Анџелес, како и дека тие двајца одржуваат врска без обврски уште од 2004 година.
Извор за списанието рекол дека минале часови разговарајќи и дека тие двајца имале неверојатна поврзаност. Моника Јакишиќ уште ја нарекуваат и хрватска сензација, а Клуни со неа одржувал контакти и додека се забавувал со поранешната девојка Стејси Кеблер.