Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата вереница Амал Аламудин пристигнале денес во Венеција каде ќе се венчаат. Познатиот пар ќе ја прослави венчавката во хотелот Аман сместен на Големиот Канал, поточно на 450 години стариот плоштад Папдополи.

Големите припреми се во тек, а се очекува доаѓање на голем број славни личности. Околу 136 гости, воглавно од светот на шоубизинсот ќе присуствуваат овој викенд на ексклузивна забава во хотелот се седум ѕвездички до раните утрински часови. Самата свечена церемонија ќе се одржи во градската општина во понеделник, после големата прослава.