Популарниот актер Џорџ Клуни и неговата девојка Стејси Кеблер побегнале од сите обврски во Мексико, каде уживаат во топлото време и разни активности. Славниот пар отишол во разгледување на Кабо Сан Лукас, но пред тоа во блискиот бар нарачале коктели за освежување. Во вистинско летно издание изнајмиле возило за голф и отишле на возење. Неодамна Клуни на новинарите им рекол дека ја користи својата слава додека може, бидејќи бил свесен дека нема засекогаш да трае.

Додека е почитуван во Холивуд, актерот ги бирал само оние улоги кои му одговараат, па работите ги извршувал на свој начин. Сликовито објаснил дека му било во интерес да ги помести границите на она што студијата го дозволуваат, за еднаш кога ќе остари и кога ќе се осврне кон минатото да може да каже дека додека ги имал клучевите возел најбрзо и најжестоко што можел.