Вечниот ерген Џорџ Клуни останал верен на своите намери, никогаш пред олтар. Холивудскиот актер раскинал со Стејси Кеблер, а како причина се наведува тоа што Клуни бил неспособен да се врзе и да има деца со неа, јавиле британските таблоиди. Иако многумина мислеле дека Стејси ќе успее да го скроти Клуни, тоа не се случило. Љубовта на славниот пар веќе подолго време била загрозена бидејќи Стејси сакала да има деца со него. Тој, не сакал ниту да слушне.

Сепак, портпаролот на холивудскиот ерген се огласил и рекол дека веста не е точна, и дека таа измислена како би се зголемил тиражот на весниците. Актерот и Стејси се во врска веќе три години, а последниве денови се почесто можат да се слушнат гласини дека имаат проблеми. И покрај демантот на портпаролот на Клуни, многумина мислат дека славниот пар сепак нема уште долго да остане заедно, а главна причина за тоа е неспремноста на актерот за брак и деца.