Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Аламудин сакаат да посвојат дете, пренесуваат американските таблоиди. Холивудскиот заводник и убавата Британа, кои се венчаа на 27 септември, имаат намера да посвојат дете од некоја од државите кои се погодени со војните.
Списанието „Вумен деј“ пишува дека сопружниците на тој начин сакаат да со свртат вниманието кон сирачињата во земјите како што се Сирија, но и да се угледаат на Бред Пит и Анџелина Џоли, кои имаат три посвоени деца. Ниту Клуни ниту Амал немаат деца од своите претходни врски.