Не е никакво чудо што Џорџ Клуни и неговата новопечена сопруга Амал Аламудин го избрале Северниот Остров на Сејшелите како совршено место за меден месец. Веројатно го избрале овој архипелаг во Индискиот Океан, бидејќи владата на Сејшелите неодамна претставила закон кој ја штити приватноста на славните личности од наметливите папараци. Алан Сенанж, министерот за туризам на Сејшелите, потврдил дека познатиот пар одмара во нивната земја. Север, како што го нарекуваат локалните жители, е под управа на еколошки освестената „Wilderness Safari“ компанија со седиште во Јужноафриканската Република. Со внимателно управување на оваа област и строго контролиран одржлив развој, од овој остров направиле вистински мал недопрен рај.
На островот се наоѓаат 11 вили, од кои секоја има свој базен. Ресторанот нема свое мени, туку готвач припрема јадења според желба на гостите, иако локалните производи и свежо уловената риба се најчест избор. Може дури и да се изнајми плажа за „приватна употреба“. Стандардните вили чинат 2500 евра за една ноќ, но Клуниеви веројатно се одлучиле за Вила 11, која е изместена и нешто поголема од останатите. Таа чини 4000 евра за една ноќ. Гостите можат да платат приватни јога часови како и спа третмани, а парот може да плати и возење со хеликоптер до главниот аеродром Маха, кое чини 1500 евра. Интересно е тоа што истиот остров го избрале војводата и војвотката од Кембриџ, но и Бред Пит и Анџелина Џоли, како и актерката Селма Хајек.