Холивудскиот актер Џорџ Клуни и платил на својата поранешна девојка Стејси Кеблер 10 милиони долари да молчи за нивното раскинување, јавиле американските медиуми. Како што навел сајтот TMZ, Клуни и пејачката биле разделени веќе три месеци, бидејќи акетрот работел во Европа на новиот филм, а Стејси се занимава со својата емисија во САД. Наводно со месеци немале сексуални односи, станале се подалечни, а Џорџ се заморил од неа.

Пред три седмици, Клуни ја повикал Стејси и ја замолил да се исели од неговата куча и и понудил 10 милиони долари да молчи за нивното раскинување. Сепак, Клуни за разлика од другите девојки бил доста добар кон Стејси, бидејќи и дал неколку дена да се исели, додела Елизабет Каналис имала само еден ден да ги спакова куферите.