Џорџ Клуни кој има 53 години, и Амал Аламудин, која има 36, навистина ќе стапнат на „лудиот камен“. Парот извадил дозвола за венчавка, а веста за тоа, во склад со британските закони, вчера била истакната на зградата на британската општина Челси.

Во документот се  истакнува дека „Џорџ Тимоти Клуни, актер и режисер“, зад себе има еден брак, додека Амал Аламудин е наведена како „адвокатка и неомажена“. Во известувањето пишува и дека венчавката ќе биде во Италија, а британските медиуми веќе на големо најавуваат дека парот судбоносното да ќе го изговори во местото Лаљо, на езерото Комо, каде 53-годишниот актер поседува вила.