Холивудскиот заводник Џорџ Клуни и неговата девојка Стејси Киблер се затруле со храна за време на вечера во ресторан во Италија, што атрактивната блондинка го потврдила на Твитер.

“Јадевме нешто многу лошо. Сите се затрувме со храната. Единствената добра работа е тоа што сум  сеуште во Италија“, напишала Стејси на Твитер.

Како што пренесуваат американските медиуми, сите кои таа вечер биле со нив во ресторанот, исто така се затруле, но за среќа никому не му била потребна медицинска помош.

Менаџерот на ресторанот тврди дека гостите се затруле пред вечерата, на некое друго место.

Некои извори велат дека на вечерата била и поранешната девојка на Клуни, Керен Дафи, со сопругот и синот.