Љубовната приказна помеѓу Џорџ Клуни и Стејси Кеиблер започнала пред нешто повеќе од месец дена, а на филмскиот фестивал во Торонто одлучиле за прв пат да се појават заедно. На првата ноќ од фестивалот не биле волни да се фотографираат еден покрај друг, но вториот ден одлучиле да им попуштат на фотографите. Сепак, не се држеле за рацете.
За прошетката по срвениот тепих Стејси се одлучила за краток црн фустан, со отворен грб и чевли во истата боја. Актерот пред неколку месеци ја прекинал врската со Елизабет Каналис, а само краток период после тоа започнале да кружат приказните за врската со Стејси.