Американскиот актери и италијанската манекенка наводно се заљубиле на островчето Лорето на езерото Комо. Извори блиски на актерот откриваат дека тој ангажирал еден локален претприемач да ја заврши работата. Џорџ Клуни на езерото веќе има луксузна вила, но наводно има намера да ја продаде бидејќи цело време е под притисок на папараците.


Минатото лето дури им се качувале преку оградата и неовластено снимале во вилата. Британските медиуми пренесуваат дека еден од можните купувачи е пријателот на актерот Дејвид Бекам. Цената на вилата од седумнаесеттиот век се преценува на околу 300 илјади евра, а Клуни ја купил во 2003-та година.