Џорџ Клуни и неговата девојка Елизабет Каналис се меѓу 78 сведоци кои пред судот ќе сведочат во корист на италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Берлускони е обвинет за вмешаност во малолетничка проституција и учество во оргии, а познатиот пар би требало да сведочи во негова корист.


Клуни и Каналис наводно биле на една забава на Силвиво Берлускони на која била и фамозната малолетна мароканка Руби, тинејџерката на која наводно и платил за секс. Меѓу сведоците покрај холиводскиот актер и неговата девојка се наоѓаат и голем прој познати италијански личности, од политичари до манекенки.