По две години врска, италијанката и холивудскиот актер, ја прекинале својата врска. Џорџ Клуни и Елизабет Каналис изјавил дека не се повеќе заедно, дека им е тешко и дека сакаат медиумите да ја почитуваат нивната приватност.


Веста многу брзо се проширила, а многумина остале збунети, бидејќи парот неодамна бил виден на романтична вечера во нивниот омилен ресторан. Се пишуваше за можна венчавка на парот, а Елизабет во последно време често споменувала дека разговараат за брак, иако тој јасно ставил до знаење дека не планира да се венча по втор пат.