Доколку може да им се верува на гласините, Џорџ Клуни ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија за четири години. Холивудскиот заводник глумата ќе ја замени со политиката, а ќе биде демократски кандидат на изборите во 2018 година. Актерот, во некоја рака, веќе делувал политички, од снимање филмови со таква тематика, учествувал во политичи дискусии и трибини, јавно го поддржувал Барак Обама.

До неодамна бил и гласник на мирот на ОН, но престанал да се занимава со тоа правдајќи се дека нема доволно време. На шушкањата дека ќе биде демократски кандидат за гувернер на Калифорнија во прилог оди и фактот што 53 години стариот актер никогаш не ги криел своите политички амбиции.