Иако се нагаѓало дека кум на свадбата на Џорџ Клуни ќе биде неговиот пријател Бред Пит, актерот сепак го избрал Дејмон поради ветување дадено уште пред десет години. Имено, Пит и Клуни се најдобри пријатели веќе долги години, но сепак Бред нема да биде кум на неговата свадба.

Клуни открил дека го избрал Мет Дејмон за кум, бидејќи пред десет години се заколнал дека токму тој ќе му биде кум на свадбата. Пит, Клуни и Дејмон заедно работеле на триологијата „Дванаесеттемина на Оушн“, каде го започнале и своето пријателство. Џорџ Клуни има намера да се ожени наесен, и тоа со адвокатката Амал Алмудин.