Холивудскиот заводник Џорџ Клуни пред неколку дена бил подлегнат на операција на лактот, но тоа не го спречило со девојката да оди на бејзбол натпревар. Неговата девојка Стејси Кеблер на својот твитер налог напишала дека љубов е кога момчето ќе те одведе на бејзбол напревар само два дена по операцијата.

И самиот актер Џорџ Клуни очигледно бил добро расположен за време на натпреварот, па дури и се фотографирал со своите обожаватели за време на паузите на натпреварот.