Поранешниот Американски претседател Џорџ Буш постариот ќе го прослави својот 85-ти роденден со падобрански скок кој ќе го изведе во Мејн, САД, каде има летна резиденција. Неговиот соработник рекол дека скокот ќе го изведе во тандем со еден припадник на падобранскиот тим на Американската армија.

Ова нема да биде негов прв скок. Имено во втората светска војна како млад пилот авионот му бил погоден над Тихиот Океан и морал принудно да скокне. Исто така својот 75-ти и 80-ти роденден веќе ги прославил со падобрански скокови.