Легендарниот американски гитарист, Џорџ Бенсон, кој во рамки на светската турнеја  на 25 јуни ќе настапи на Античкиот тетар, во Охрид ќе престојува два дена.

Бенсон како што соопштија организаторите одлучил слободниот ден помеѓу настапите во Белград (23.07) и Охрид да го искористи за разгледување на убавините македонскиот туристички бисер.


Џорџ Бенсон и Владимир Четкар

Дваесетина дена по Џорџ Бенсон, на Античкиот театар во Охрид ќе настапи и македонскиот џез виртуоз Владимир Четкар кој е исклучително ценет во светските музички кругови, а тие двајца и лично се познаваат. Четкар од Охрид ја започнува македонската турнеја.

Ohridnews