По се изгледа актерот Џони Деп брзо ја заборавил својата невенчана сопруга, бидејќи новата љубов ја опсипувал со подароци. Веќе извесно време се зборувало дека се во тајна врска, но откако било објавено дека Џони Деп и официјално се разделил со Ванеса Парадајс, односот на славниот актер со Амбер Хеард повеќе не е тајна. Деп наводно бил во врска со бисексуалната актерка која го посетила во Мексико на снимањето на филмот ‘The Lone Ranger’.

Познатиот актер признал дека и купил коњ како би јавале заедно. Иако со месеци негирал дека тој и Ванеса имаат проблеми, и дека се разделуваат, Деп неодамна бил снимен како со Амбер од во Лас Вегас со приватен авион. Медиумите пишуваат Ванеса од него ќе добие повеќе од сто милиони долари.