Актерот Џони Деп се нашол во вистински проблем, откако само неколку седмици пред премиерата на неговиот нов филм полицајците го повикале како сведок за судење за убиство. Имено, во 2009 година Ненси Лекон со лимузина усмртила пешак откако го прегазила и го влечела со автомобилот дури два километри.
Неа моментално и се суди за убиство, а таа одлучила да се изјасни за невина по основ ментална непресметливост. За време на нејзиниото апсење, полицијата дознала дека тогаш била во врска со Џони Деп, кој е повикан од страна на одбраната, како би потврдил пред судот дека Ненси во тој период не била ментално погодна личност.