Џони Деп го наговорил менаџерот да вработат бездомници како статисти во неговиот нов филм „Трансцеденција“. Кога актерот видел колку од нив живеат на улиците во Ново Мексико, останал шокиран.
Деп инсистирал самиот да оди на улица и да ги избере. Додека се возел, здогледал двајца бездомници и им понудил работа. Еден од продуцентите рекол дека Џони отсекогаш сакал да и помага на локалната зедница во која снима. Откако налетал на бројните бездомници, посакал да ги вработи.