Најважен гостин на роденденската забава на Дејвид Фурниш, сопругот на пејачот Елтон Џон, бил актерот Џони Деп. Тој со група трансексуалци ја танцувал кореографијата од нумерата “YMCA”. Дејвид наполнил 50 години, а меѓу присутните на забавата имало многу славни личности.

Џони Деп пиел пијалок на сепаре, кога групата трансексуалци го повлекла на сцената, барајќи да танцува со нив. Додека ја изведувал кореографијата тој не се одделувал од чашата со виски, а од публиката го посматрале Гвен Стефани, Гевин Роздејл, како и Дејвид и Викторија Бекам.