Американскиот актер, продуцент и музичар, Џони Деп, има необично хоби, собира ограничена серија барбики. Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ е колекционер на кукли.

Меѓу нив биле и оние со ликот на Бијонсе и „Дестинис чајлд“, како и Линдзи Лохан со приврзок на глуждот. Тој не само што собирал барбики, туку и си играл со нив. Рекол дека си играл со многу барбики и кенови со своите деца. Додал дека тоа всушност е едно од нештата во кои навистина е добар.