Џони Деп отсекогаш важел за холивудски заводник со посебен стил, но никој не очекувал дека на црвениот тепих ќе го видат со лак на ноктите, и тоа во боја која му одговарала на облеката. Пред неколку дена во Њујорк била организирана премиерата на филмот “Rum Diary”, во кој насловната улога ја играл токму Деп, а актерот на црвениот тепих се појавил со налакирани нокти.
Иако тврди дека за него фотографирањето е кошмар, и дека не сакал да размислува за модата и облекувањето, било јасно дека актерот доста време посветил на својот стајлинг пред да се појави пред новинарите и публиката. Деп носел триделно сиво одело со тегет кошула и лак за нокти, кој исто така бил тегет.