Џони Деп мака мачи на снимањето на новиот филм „Осамениот ренџер“ бидејќи мора да го совлада јавањето иако се плаши од коњи. Еден од членовите на филмската екипа рекол дека јавањето му претставувало голем проблем. Сакал да ги снима сите свои сцени, но од коњите паѓал толку често, што продуцентите се загрижиле дека може сериозно да се повреди.

Актерот кој го игра Тонто, одбивал да ангажира дублер за спорните сцени, но уште повеќе го нервирал фактот што неговиот колега Арми Хармер имал природен талент и немал никакви проблеми кога е во прашање јавањето на овие племенити животни.