Актерот Џони Деп изјавил дека сака да биде погребан во буре полно со виски, од кое сите кои ќе дојдат на погребот ќе се напијат по малку, добро ќе се забавуваат, а потоа ќе се простат од него. Деп идејата за својот бизарен погреб ја добил од својот покоен пријател, писателот Хантер Томпсон, според чиј роман Деп го снимил филмот „Страв и алчност во Лас Вегас“.


Хантер сакал неговиот погреб да биде поинаков. Сакал да го кремираат и неговата пепел да ја испалат од топ од неговата фарма во Колорадо. Деп ја исполнил неговата последна желба, трошејќи околу 11 милиони долари за неговиот погреб.