Американскиот актер Џони Деп рекол дека сериозно размислува за напуштање на актерството и дека не бил далеку од таква одлука. Актерот кој има 50 години мисли дека премногу работел во последниве неколку години и сакал да забави, но и дека сепак ќе се појави во продолженијата на филмовите „Пиратите од Карибите“ и „Алиса во земјата на чудата“.
Тој рекол дека во еден момент почнуваш да мислиш и сфаќаш дека си прочитал повеќе напишани зборови отколку што си имал шанси да кажеш свои, и тоа станувало неверојатно за човекот. Додал дека имало и други интересни работи со кои би можел да се занимава. Ова е прв пат Деп директно да каже дека актерските денови му се одброени.