Здружението на американски дизајнери го прогласило холивудскиот актер Џони Деп за модна икона, пренеле американските медиуми. Деп, кој веќе подолго време важи за еден од најдобро облечените славни личности, е првиот маж кој го добил ова признание.
Наградата ќе му биде врачена на 4 јуни во Њујорк на свечена церемонија по повод 50 години од постоењето на Здружението на американски дизајнери. Минатата година оваа награда и припаднала на пејачката Лејди Гага.