Џони Деп почнал официјални преговори за улогата на капетанот Џек Спароу во петтиот филм на серијалот „Пиратите од Карибите“, иако до неодамна давал впечаток дека не е сигурен за ново продолжение, било објавено на сајтот Тотал Филм.
Четвртото продолжение од серијалот пред неколку дена ја минало границата од милијарда долари заработка и станал само осми филм во историјата кој ја надминал таа граница. Компанијата Дизни веќе го ангажирала Тери Роси да го напише сценариото и за петтиот филм „Пиратите од Карибите“.