Џони Деп е во преговори за улога во Дизниевата филмска адаптација на бродвејскиот мјузикл Into the Woods. Деп веќе има искуство во музичките филмови и тоа во 2007 година кога своите пејачки способности ги покажа во филмот Sweeney Todd.

Овој проект ќе го соедини Деп со режисерот Роб Маршал со кој веќе соработувал на четвртиот дел на Пиратите од Карибите. На Маршал ова не му е прво режирање на мјузикл бидејќи веќе ги режирал Чикаго (2002) и Девет (2009).

Into the Woods е комбинација од класичките бајки а во него ќе глуми и Мерил Стрип. Џони Деп често снима филмови за Дизни а моментално работи на научнофантастичинот трилер Transcendence во кој глуми со Морган Фримен .