Џони Деп повторно е во врска со колешката Амбер Херд, пренеле медиумите. Поранешниот невенчан сопруг на Ванеса Паради наводно на актерката и испраќал цвеќе секој ден за време на месец септември. Откако во јуни потврдил дека се разделува од Ванеса, Џони имал романса со младата Амбер, со која играл во филмот „Дневник на румот“.
Страстите кои пламнале меѓи нив биле со краток век, но сега британските медиуми пренесуваат дека повторно се гледаат. Актерката на крајот попуштила и одлетала на приватниот остров на Џони на Бахамите, каде и се помириле.