Холивудскиот актер Џони Деп со својот изглед повторно предизвика гласини дека води борба со зависноста. Веќе извесно време постојат шушкања дека однесувањето и стилот на живот на познатиот актер се надвор од контрола. Џони Деп неодамна се појави на едно доделување награди во Холивуд, на кое и самиот изјави дека луѓето се шокирани со неговиот изглед. Призна дека кога ги запознава луѓето му велат дека навистина изгледа како бездомник, но дека убаво мириса.

Актерот има проблем со зависноста од алкохол. Освен што минатата година на некое време беше одложено снимањето на новото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“ токму поради неговата зависност, пред неколку месеци Деп, кој бил во видно пијана состојба, бил исфрлен од еден бар во Лос Анџелес заедно со Кит Ричардс, рокерот кој е познат по својот жесток начин на забава. Поради тој инцидент наводно изби кавга помеѓу неговата сегашна сопруга, младата Амбер Хард и неговата поранешна, Ванеса Паради, која смета дека Деп повеќе не е способен да ги одгледува нивните две деца.