Холивудскиот актер Џони Деп неодамна се нашол на чекор од смртта, кога моторот на авионот во кој се наоѓал одеднаш престанал да работи. Додека летал со приватен авион за Лос Анџелес, Џони Деп сериозно се уплашил за својот живот. Актерот разговарал со Брус Робинсон, режисерот на филмот “Rum Diary”, кога звукот на моторот оденаш престанал да се слуша.
Џони и Брус се погледнале, помислувајќи на истото. Се гледале молчејќи, а потоа Џони запрашал дали ова е тоа. На тоа Брус му одговорил потврдно, велејќи му дека тоа е смртта. Потоа обајцата почнале хистерично да се смејат. За среќа на двајцата патници, моторот набрзо повторно почнал да работи и авионот почнал да ја зголемува висината. Деп изјавил дека за момент помислил дека ќе умрат заедно со режисерот.