Холивудскиот актер Џони Деп повторно е сам, а неговата сега веќе поранешна девојка, Амбер Хард, одлучила да започне врска со манекенката Мари де Вилпен, чиј татко е Доминик Вилпен, поранешен премиер на Франција. Како што пренеле медиумите, на актерката и здодеале честите промени на расположението кај Деп. Тој наводно час бил вљубен и среќен, а час бесен и непријатен, па Амбер ги спакувала куферите и побегнала со Мари во Париз.
Тие две биле снимени на парискиот аеродром, и покрај обидот на актерката да се сокрие од папараците под капа и очила за сонце. Џони, кој Амбер ја запознал на снимањето на филмот „Дневник на румот“, и поради неа ја оставил долгогодишната партнерка Ванеса Паради, наводно бил многу несреќен поради раскинувањето. Амбер пред почетокот на нивната врска се забавувала и со машки и со женски.