Холивудскиот актер Џони Деп изјавил дека повеќе му се допаѓаат улоги на ексцентрични јунаци отколку улоги на обични луѓе, објавиле британските медиуми. Деп, кој ја играл улогата на капетанот Џек Спароу во серијалот „Пиратите од Карибите“, и ги имал улогите на Вили Вонка, Свини Тод, Лудиот шеширџија, рекол дека сака да се крие под перика и шминка.


Рекол дека капетанот Џек секогаш ќе остане дел од него. Рекол дека многу потешко му било да ја игра улогата на својот лик во новиот филм „Турист“ во кој се појавува заедно со Анџелина Џоли. Многу се забавувал кога ќе се сокриел под перика, шешир или шминка.