Холивудскиот актер Џони Деп рекол дека најголемо достигнување во животот му е тоа што ја запознал својата партнерка, француската актерка и пејачка Ванеса Парадајс, но додал дека нема намера наскоро да се ожени со неа. Изјавил дека некои други можеби бракот го сметаат за продлабочување на врската, но тоа ним не им се чинело неопходно.


Звездата на филмот „Пиратите од Карибите“ рекол дека од самиот почеток знаел дека Ванеса е вистинската жена за него. Првиот пат кога ја здогледал таа била свртена со грбот. Веднаш помисли дека тоа е жената за него, а тоа се случило пред цели 14 години.