Славниот холивудски актер Џони Деп на премиерата на својот нов филм “Black Mass”, на Лондонскиот филмски фестивал, откри дека не сака да добие награда од Американската филмска академија. Вели дека не сака да доби Оскар, појаснувајќи дека главната причина е тоа што не сака да држи говор но и да се натпреварува со некого.

 

Според него, самата идеја за освојување Оскар значи да се натпреварувате со некого, а тој тоа не го сака. Актерот кој е најпознат по филмовите „Пиратите од Карибите“, “Деветтата порта“, „Дневик на румот“ и многу други, додава дека за него номинацијата е сосем доволна. Истакнува дека секогаш размислува за својата глума, а не за наградата која може да следи. Заклучува дека го работи она што го сака и доколку тоа на луѓето не им се допаѓа, и тоа е во ред за него.