Во чест на десегодишнината на сервисот “IMDB Pro”, интернет базата на филмовите “IMDB” објавила топ листа на десет најпопуларни ѕвезди, филмови и серии во изминатава деценија. Најголема популарност, спроед овој сајт, стекнал Џони Деп. Тој зад себе ги оставил Анџелина Џоли и Бред Пит. Според истиот сајт, најпопуларен филм во изминативе десет години бил „Мрачниот витез“, со Кристијан Бејл и Хит Леџер.
Серојата „Изгубени“, која зборува за група луѓе кои преживеале пад на авион се нашла на првото место меѓу сериите, а зад себе ги оставила „Вовед во анатомијата“ и „Како ја запознав вашата мајка“. На споменатиот сајт се нашла и листа на филмски остварувања кои моментално се снимаат, а на првото место се наоѓал филмот “The Dark Knight Rises”, кој би требало да излезе во јули оваа година.