Џони Деп во последниве 12 месеци според листата на „Форбс“ е најплатениот холивудски актер со заработка од околу 40 милиони долари. Минатата година се наоѓаше на десеттото место, но оваа година го зазеде првото благодарение на улогата во филмот „Алиса во земјата на чудата“.


На второто место се наоѓа Бен Стилер, трет е Том Хенкс, а Адам Сендлер четврти. Меѓу десетте најдобро платени се наоѓаат уште и Лонардо ди Каприо, Даниел Ретклиф, Роберт Дауни Џуниор, Том Круз, Бред Пит и Џорџ Клуни.