Холивудскиот актер Џони Деп бил тужен од една жена со инвалидитет, која тврди дека неговото обезбедување насилно ја спречило да се врати на своето место на концертот на Иги Поп во Лос Анџелес. На концертот во холивудскиот центар Паладиум, непознатата жена сакала да се врати на своето место во Вип ложата, кога наводно била нападната од обезбедувањето на актерот, кое ја соборило на земја.

Жената рекла дека членовите на обезбедувањето ја турнале и испаднале чевлите и телефонот. Исто така и паднала и сукњата, па половина од салата можела да види што има под неа. Деп и Центарот Паладиум биле тужени по повеќе основи, за напад, запоставување, злоставување, присилно задржување и нанесување на телесни повреди, како и за психичко малтретирање.