Џони Деп ја прифатил улогата на капетанот Џек Спароу во четвртото продолжение на филмот Пиратите од Карибите. Продуцентите ги отпишале Орландо Блум и Кеира Најтли кои играа во првите три продолженија, а на Деп му понудиле најмалку 13 милиони евра. И ова била само почетна цена. Доколку филмот повторно ги сруши рекордите на гледаност неговата заработка може да биде уште поголема.
Овој потег го ставил Џони Деп на првото место на најплатени актери во Холивуд. До сега најмногу заработувале Том Круз, Том Хенкс и Мел Гибсон, кои не прифаќале улоги за помал хонорар од 10 милиони евра по филм. Се шушка дека главниот женски лик ќе го игра Пенелопе Круз. Од старата постава на актери покрај Деп ќе се појави и Гуфри Раш кој го играше ликот на капетан Барбоса.